дома Свет НАСТАВНИЦИТЕ ДА НОСАТ ОРУЖЈЕ: Трамп предлага наставниците да носат оружје за да...

НАСТАВНИЦИТЕ ДА НОСАТ ОРУЖЈЕ: Трамп предлага наставниците да носат оружје за да се спречат масакрите

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека вооружување на наставниците би можело да помогне во спречувањето на масакрите, како оној минатонеделниот во Флорида, кога беа убени 17 ученици

Трамп би поддржал таква идеја во тек во пресрет на средбата во Белата куќа со учениците кои го преживеаа вооружениот напад, Ројтерс.

„Кога би имале наставник кој е вешт и обучен со оружје, тоа би можело да го разреши нападот многу брзо“, рекол американскиот претседател, признавајќи дека таква идеја би предизвикала контроверзи.

Меѓу учеиците кои ги примил Трамп биле и шест ученици во училиштето во Флорида, каде осомничен за нападот беше Николас Круз (19) кој усмрти 17 ученици.