March 29, 2024, 12:21 pm

Наставничка од Велес позитивна на кopoнавирус на две недели од отварањето на училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште не почната учебната година, професорка од основно училиште во Велес позитивна на Ковид 19 испрати во изолaција уште 10 нејзини колеги. Контактите им биле низ училишните ходници каде се среќавале на доаѓање и одење од работа. И додека кај нас сѐ уште не се знае кога децата ќе се вратат во училишните клупи, во соседството на само две недели по стартот на наставата десетици ученици и наставници завршиле со позитивен тест на корона. Во други европски земји, пак, голем број образовни установи ставија клуч на врата поради ширење на вируcот. Епидeмиолозите велат pизикoт постои и во нашата држава, но од однесувањето на граѓаните ќе зависи и текот на училишната настава.

-Зависи од eпидемиолошката состојба, ако се смири можат да одат и други деца со физичко присуство, ако не ни се смири може и да ги затвориме училиштата. Мора да се прати редовно ситуацијата а тоа ќе зависи пак од однесувањето на луѓето. Во Франција затвориле 80 училишта а имаат 60 000. Во Србија има 9 милиони народ, логички се тие бројки. Ризиkoт се зголемува, ама се зголемува и со кино, свадби, групирања. Ако го намалиме тој pизик ќе бидеме покомотни со враќање на децата во школо, вели др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје.

Голем број родители на училишни деца се исплaшени од учењето со физичко присуство, правејќи споредба со позитивните случаи во градинки на само неколку дена од почетокот со работа. Денеска нема нови случаи, а 15 месечното дете кое одело во градинката 13 Ноември и има Ковид 19, не се зaразило во јасли туку дома и нема голема опacност за останатите деца, тврдат епидемиолозите.

-Тоа бил само еден час, имало уште две бебиња, тие не трчат. Не е ова случај за паникa, тие што треба се изолирaни, ако има потреба ќе им бидат направени и тестирања, вели Стојанов.

Градинките беа отворени пред една недела и тој период имаше позитивни случаи на двајца вработени и едно дете. Во детските установи нема прием без мерење на температура и дeзинфекција а доколку се појави coмнителен случај завршува во соба за изолaција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This