дома Хроника НАСТРАДА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ: Во сообраќјака помеѓу „Мерцедес“ и „Пасат“ во тетовско, повредено...

НАСТРАДА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ: Во сообраќјака помеѓу „Мерцедес“ и „Пасат“ во тетовско, повредено тригодишно дете

Во текот на вчерашниот во 17:50 часот на локалниот пат с.Требош-с.Џепчиште, тетовско, во близина на пругата се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици управувано од И.Е.(27) и патничко моторно возило “Волксваген Пасат“ со тетовски регистерски таблици, управувано од К.М.(33), двајцата од с.Порој.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило тригодишно дете сопатник во патничкото моторно возило “Пасат“, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиникиот центар во Тетово, од каде било препратено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.