Без разлика на тоа што и’ беше најлошата година во животот, Наташа Беквалац одлучи 2018-та да ја испрати со насмевка на лицето, за инает на сите и на се’.
Во заедницата која сакав да ја сметам за семејство, а која се расп адна на најлош возможен начин, нема победник или барем јас не сум тој. Ниту пребродив, ниту сум победник, јас сум само жена со едно грдо искуство плус, со уште еден пораз, но побогата и со најголемото богатство што ми го подари животот, мојата ќерка Катја. Таг ата најдобро се крие зад насмевка“, искрена беше пејачката во разговорот за „Хелоу“.