дома Балкан НАТО ВЕЖБИ СО РУСКИ МЕТИ: Бугарската војска одбила да гаѓа цели на...

НАТО ВЕЖБИ СО РУСКИ МЕТИ: Бугарската војска одбила да гаѓа цели на НАТО вежба кои носеле руски обележја!

Колку е кревка состојбата во НАТО, илустрира инцидентот кој се случил на вежбата „Нобл Џамп“ одржан во јуни во Романија, каде што учествуваа воени единици од 11 НАТО земји: Албанија, Бугарија, Велика Британија, Грција, Шпанија, Латвија, Холандија, Норвешка, Полска, Романија и САД

За време на гаѓањето на полигонот, бугарските војници и нините команданти одбиле да пугаат, бидејќи на метите биле поставени руски ознаки по кои бугарската војска не сакала да пука. По утврдувањето на ситуацијата, командантите заклучиле дека метите биле облепени со ткаенина која потсетувала на ознаките на Руската армија, поради што Бугарската војска одбила да ги гаѓа таквите мети.

2014-2015 година Бугарија одби да ги прифати елементите на американскиот ракетен комплекс на своја територија. Потоа Романија даде согласност на САД да ја изгради одговарачката инфраструктура на нивна територија.

Една година подоцна, Бугарија категорично одби да учествува во формирањето на антируска црноморска флота, со учество на Турција, Романија и Украина, која треба да се спротивстави на трансформацијата на Црното море во „Руско езеро“.

Во Втората Светска војна Бугарија беше членка на Хитлеровата коалиција, и единствена од фашистичките членки која одби да учествува во војната против СССР.