дома Европа НАТО ГО „ПУШТИ НИЗ ВОДА“ ПОРОШЕНКО: Откако предизвика тензии со Русија, НАТО...

НАТО ГО „ПУШТИ НИЗ ВОДА“ ПОРОШЕНКО: Откако предизвика тензии со Русија, НАТО ретерира на барањата на украинскиот претседател!

Откако украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика членките на НАТО да испратат воени бродови во Азовското море поради зголемените тензии во односите со Русија, Алијансата денес соопшти дека веќе во голема мера е присутна во областа на Црното море


Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску рекла дека бродовите на Алијансата рутински патролираат и изведуваат вежби во Црното море, истакнувајќи дека нивните бродови таму провеле 120 дена оваа година, во однос на 80 дена во 2017. година.

Оана Луганску рекла дека неколку НАТО сојузници извеле воздушни и извидувачки летови во тој регион, истакнувајќи дека членките на Алијансата – Бугарија, Романија и Турција – излегуваат на Црното море и имаат сопствена воена опрема која таму е распоредена, пренесува АП.

„НАТО веќе е присутно во Црното оре, и ќе продолжиме да го проценуваме нашето присуство во тој регион“, рекла таа.

Украинскиот претседател Петро Порошенко претходо, во денес објавеното интевју за германски „Билд“ и медиумската групација „Функе“, рекол дека се надева дека НАТО земјите „сега се спремни да ги преместат бродовите во Азовското море како би можеле да и пмогнат на Украина и да ја осигураат безбедноста“.