НАТО пpeдупредува: Подгответе се за нajлошото сценарио

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Алијансата во ситуацијата со Украина треба да се надева на најдоброто, но да се подготви за најлошото.
„Она што сега го гледаме во врска со Украина е значително, доследно и континуирано зајакнување на руското воено присуство… Не е јасно кои се целите на таа акумулација (сила)… Се разбира, се надеваме на најдоброто, но мора да бидеме подготвени за најлошото“, рече тој во Брисел за време на прес-конференција со премиерот на Бугарија.

Во исто време, тој додаде дека НАТО многу внимателно следи што прави Русија.
„Ги зголемивме нашите разузнавачки способности да го следиме тоа зајакнување, разменуваме разузнавачки информации и, се разбира, продолжуваме да ја поддржуваме Украина. Исто така, треба да бидеме сигурни дека сме подготвени да ги заштитиме сите наши сојузници“, посочи генералниот секретар.

Столтенберг изјави дека Алијансата не гледа дека постои директна закана за која било членка, но забележува зголемување на тензиите, првенствено што се однесува до членките на НАТО во регионот, вклучително и Бугарија.
Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на агресивните акции од страна на Русија во близина на границите на Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Москва постојано изразува загриженост поради зголемувањето на силите на НАТО во Европа. Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси. Во Русија овие обвинувања во неколку наврати беа отфрлени нагласувајќи дека најчесто се користат како изговор за да се донесат повеќе сили и опрема на НАТО на границите на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This