дома Македонија НАТО ЌЕ ГИ БРАНИ САМО ГРОБИШТАТА: НАТО веќе ја контаминираше цела Македонија...

НАТО ЌЕ ГИ БРАНИ САМО ГРОБИШТАТА: НАТО веќе ја контаминираше цела Македонија со графит и ураниум, луѓе умираат никој не зборува!

Владата вели, НАТО ќе ја брани Македонија… Од кого? И зошто? Да пиеме нафта и да раснеме на гранка, во оваа лага и да поверуваме, ама… Па, 1999 година, со бомбардирањето врз Србија со графитните бомби и бомбите со осиромашен ураниум, НАТО ги контаминира цело Косово и речиси цела Македонија. Епидемија од рак, леукемија и тироидна жлезда владее во Косово и Македонија! Илјадници умираат, а никој за тоа не зборувам, никој за тоа не одговара, никој за тоа не презема превентивни мерки за заштита… Во американската воена база “Бонд Стил“ до Урошевац, на Косово, се’ што се јаде и се пие се увезува од странство, косовското и локалното е контаминирано и потврдено канцерогено… Прашање е дали четвртата генерација Косовари ќе го преживее НАТО-бомбардирањето…

Со НАТО-бомбардирањето на Србија и на ЈНА-инсталациите на Косово, на само 20 километри од Скопје во 1999 година, Македонија веќе беше и остана трајно изложена на контаминација на просторот со графитна и радиоактивна прашина од масовната употреба на графитните бомби и бомбите со осиромашен ураниум.

НАТО авионите при прелетувањата над Македонија, пред да се вратат во базите во Италија, неиспуканите бомби од бомбардирањата на Србија ги исфрлаа во Македонија: Мавровското езеро, Липковското езеро и езерото Мавровица кај селото Немањица светиниколско. До пред некоја година цело Свети Николе пиеше вода од тоа езеро, како и Кумановчани од Липковското… Ви текнува за вентилите на Липковската брана и геноцидот со вода за пиење врз Кумановчани? Зошто никој за тоа не зборува?

Владата мора да излезе со информација за локациите во Македонија каде што се исфрлени бомби со осиромашен ураниум од НАТО-авионите во 1999 година и за мерките што ќе ги преземе за нивна дислокација и уништување и за радиоактивноста на просторот и водата…

Владата мора да излезе со податоци од клиниките за хематологија и хемотерапија, и институтите за онкологија и јавно здравје, за движењето на малигните заболувања во Македонија по градови од 1990 година до денес, по вид и по години, поради алармантниот број на заболени и починати од канцер, леукемија и тироидна жлезда, еднакво на епидемија. За жал, ураниумот исфрлен врз Србија и Косово, со катастрофални последици, попрво пристигна во Скопје, Тетово, Куманово и Свети Николе, во речиси цела Македонија, отколку во Белград и Војводина…

Понатаму, 2001 година, американската воена база “Бонд Стил“ до Урошевац на Косово, беше база за агресијата од Косово врз Македонија!

Терористите од Арачиново со автобуси и официри за врска и инструктори на НАТО ги депортираа во “Бонд Стил“ до Урошевац на Косово…

За волја на вистината, војната 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците, ниту војна меѓу православните и муслиманите, туку симулирана војна на НАТО, за имплементација на определени глобални интереси на САД за свои сфери на влијание на овие простори…

НАТО заврши со Македонија во 2001 година!

Ако самиот не си способен да си ги одбраниш суверенитетот и интегритетот, Свети НАТО не те брани од било кого. Впрочем, таму каде е НАТО во светот нема мир туку војни. Таму нема демократија, туку девастација, деструкција, сиромаштија и емиграција…

И што мајка сега бара Столтенберг во Македонија, да ни се заканува со промена на името, инаку повторно НАТО ќе ја бомбардира Македонија? Ќе ни се заканува со војна? Или ќе ни организира повторно дестабилизација и контролирана нестабилност со терористити чии ќелии ги држи под контрола за активација по потреба…

НАТО не е достоен за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Затоа, НЕ во НАТО! НЕ ГЛАСАЈ на 30 септември! Спаси ја Македонија!

Пишува
Тодор Петров