дома Свет НАТО ЌЕ ЈА ПРОВОЦИРА РУСИЈА: НАТО ја подготвува најголемата воена вежба на...

НАТО ЌЕ ЈА ПРОВОЦИРА РУСИЈА: НАТО ја подготвува најголемата воена вежба на границата со Русија

Земјите на НАТО планираат во октомври оваа година да одржат големи воени вежби во близина на границата со Русија. Во вежбите ќе учествуваат 45.000 луѓе, соопшти командантот на Корпсот на морската пешадија на САД, генерал Роберт Нелер

„На есен, во октомври, ќе се одржат големи вежби на НАТО, најверојатно најобемните вежби во кои ќе учествуваат и амфибии ‘Тридент џанкчер’, познати од времето кога Студената војна беше на врвот. Можно е да учествуваат 45.000 војници на НАТО и десетина бродови и авиони, кои ќе вежбаат борба против симулирани опасности кај брегот на Норвешка“, рекол Нелер на расправијата во Преставничкиот дом на САД.

Генералот не прецизираше каде точно ќе се одржат вежбите, но јасно е дека ќе бидат недалку од границата со Русија, бидејќи истата, уверен е командантот, ќе реагира на истите.

„Уверен сум дека Руската Федерација ќе испрати демарш. Мислам, меѓутоа, дка тоа ја покажува сериозноста на стратегијата на САД, дека нашите сојузници од НАТО сакаат да не видат таму (во Европа) како нивни заштитници“, вели Нелер.

САД и земјите на НАТО во 2014. година ја усвоија Европската иницијатива по случувањата на Крим и истокот на Украина, чија цел е „спречување на агресивни дејства на Русија“ и заштита на европские сојузници.