дома Политика Наумче Мојсоски од Куманово: Оливер Илиевски е идниот градоначалник на Куманово, во...

Наумче Мојсоски од Куманово: Оливер Илиевски е идниот градоначалник на Куманово, во соработка со централната власт ќе донесе уште повеќе спортски успеси во Куманово.

Претседателот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, вечерва се обрати на мини митинг пред кумановци, при што потсети дека Владата заедно со Агенција обезбеди средства за изградба на повеќе спортски терени во Куманово, а најави дека таа поддршка ќе продолжи и во наредниот период.

Мојсоски: Со идниот градоначалник Илиевски ќе донесеме големи спортски успеси на Куманово
„Согласно програмата на Илиевски во 2022 година во спортските објекти во Куманово ќе се инсталира греење и ќе се постави изолација, со цел да се подобрат условите за тренирање на спортистите. Знам дека Илиевски ќе направи многу повеќе од тоа што е направено досега и затоа ве повикувам да го заокружите бројот 12 за најдобрата програма, најдобриот градоначалник и најдобрата советничка листа на СДСМ“, заврши Мојсоски.
Тој заедно со кандидатот за градоначалник Илиевски и носителката на листата за советници Атина Мургашанска, попладнево остварија средба и со жителите на населбите „11 Октомври“ и „11 Ноември“, при што ветија изградба на 12 спортски игралишта и рекострукција на градскиот стадион.

„Срамота е Куманово да нема градски стадион. Заедно со Наумче Мојсоски ќе го изградиме стадионот и ќе го вратиме фудбалот на кумановци, за да ни носи големи спортски успеси”, – кажа Илиевски.
При посетата на месната заедница Никола Тесла, беше најавено дека приоритет ќе биде замена на азбестни водоводни цевки, решавање на проблемот со атмосферска канализација, гасификација во тој дела на градот, изградба на тротоар долж улицата и пешачка патека покрај река Којнарка.