дома Магазин Наумче Мојсоски стана татко по втор пат

Наумче Мојсоски стана татко по втор пат

Македонскиот ракометар Наумче Мојсоски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека станал татко по втор пат. Неговата сопруга Марија денес го родила нивниот втор син.

-Денес е среќен ден за нас. Дојде на свет нашето второ синче, нашата втора гордост, нашиот Стефан.  И благодарам на храбрата мама, мојата Марија. Поздрав до сите од фамилија Мојсоски, напиша Мојсоски на Фејсбук.

 
Редакцијата на Курир им честита на среќните и горди родители.