Наум Петрески ja oдбивa дpжaвнaтa пoмoш: “Пoлитичapитe дa зeмaaт иcти плaти co нacтaвницитe, aкo caкaмe излeз oд cocтojбaтa”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Популараниот фолк пејач Наум Петрески ја одбива државната помош за естрадни уметници во износ на две бруто минимални плати, односно од околу 21,776 денари, која им следува на 731 естраден уметник од земјава, како поддршка во справувањето со Ковид-19 последиците.
За „Фокус” тој вели дека тоа според него не е понудена помош, туку омаловажување на културата.

-По 34 години на естрадата, по повеќе од три децении пеење, што треба да направам, дали треба да менувам професија? Да бев на почеток на кариера, никогаш не ќе вложев толку пари во музиката, за да можат сите да уживаат, туку ќе отворев фабрика. Тоа многумина го направија, па дури и по 1.000 луѓе им работат за минималец. Мислам дека тогаш дури и ќе бев многу повеќе ценет, отколку сега, по сите овие хуманитарни дејствија кои ги имав 34 години наназад, можеби и над 5.000 настапи за некого или за нешто…

Сето тоа многу бргу го заборави овој народ за кого сме правеле песни и вложувале многу, многу пари, за да не направат невредни! Од кога прочитав што мисли дел од народот за нас, пејачите и музичарите, повеќе нема никој да поздравам, па уште не дај Боже некој од нив да ме фати за рака! – револтирано раскажува Петрески.

Додава дека одобрената помош од власта за него е омаловажување на културата и порачува музиката ќе живее многу подолго отколку било која политичка гарнитура во земјава.
-Ние ќе преживееме, и ќе живееме уште многу подолго од политичарите, од нивните внуци и правнуци преку тоа што сме го создале сами, без помош од државата, а истата јас сум ја претставувал низ стотици земји и отворања на македонски културни центри. Но, парите се за туѓи, странски пејачи, а ние сме за хуманитарни настапи! Тоа е вистината –вели музичарот.
Тој ја обвинува власта за лошата состојба со корона вирусот во земјава и за големата смртност, бидејќи, како што вели, умните државници цело лето се подготвувале за вториот бран на вирусот, а кај нас летото буквално се преспало.

-Нас не оставија без работа, иако ние немаме врска со негово ширење. Ако се прашувам јас, треба за финансискиот дел во земјава да се преземат законите од Норвешка или Шведска, каде пратениците ќе земаат иста плата како наставниците. Да им се укинат сите бенефиции кои си ги изгласаа и се заштитија како ретки егзотични животни! Да одат од Владата на работа со велосипед, а не со стотици возила и со обезбедување, да се лекуваат комплекси и да се покажува уште и сила врз нас, слободоумните луѓе! Ете, според мене тоа би било од помош барем за време на кризата, кој и да е на власт, оти се што е вредно ни избега од земјата – изјави Петрески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This