дома КОВИД-19 (Коронавирус) Научниците утврдија колку време коронавирусот опстанува во вода

Научниците утврдија колку време коронавирусот опстанува во вода

Научниците од Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија ,,Вектор” од Русија спроведоа студија за можноста на коронавируси да преживеат во вода.

Околу 99,9 проценти од неговите честички умираат на собна температура за 72 часа, соопшти прес-службата на Федералната служба за супервизија и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот за руската агенција ТАСС.

Докажано е дека вирусот не се размножува во дехлорирана и солена вода, но може да се зачува. Времето на деактивирање на новиот коронавирус директно зависи од температурата на водата.

Во вода на собна температура 90% од вирусот Ковид-19 угинува во рок од 24 часа, а 99,9% во рок од 72 часа, се наведува во студијата. Топлата вода доведува до негова целосна деконтаминација и истребување, додека во хлорирана вода коронавирусот целосно ја губи способноста да преживее.

Како што температурата на водата се зголемува, бројот на одржливи честички на вирусот значително се намалува, се вели во соопштението.