Националната комисија на УНЕСКО испрати мислење до Владата за нацрт-извештајот за состојбата на Охридскиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националната комисија на УНЕСКО предводена од министерката за култура, Ирена Стефоска, денеска на вториот состанок од новиот состав усвоиле мислење за нацрт-извештајот за состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 година.

Од Министерството за култура информираат дека усвоеното мислење се однесува на нацрт-извештајот што треба Владата да го усвои и да се достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО.

Имајќи предвид дека Република Македонија останува цврсто посветена на зачувувањето на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, Националната комисија за УНЕСКО го разгледа и подетално се запозна со содржината и со постапката на изготвување на нацрт-извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство (43 СОМ 7В.36), кој ја отсликува состојбата со доброто и предлага Владата на Република Македонија да го разгледа и да го усвои, се вели во соопштението.

Од Министерството за култура, велат дека поради транспарентност и запознавање на пошироката јавност, извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките ќе биде јавно објавен на веб-страницата на Министерството, но откако ќе биде доставен до Центарот за светско наследство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This