дома Балкан НАЦИСТИЧКО-ФАШИСТИЧКИ МАРШ ВО СОФИЈА: “Сите Бугари заедно – Босилеград” барале и македонски...

НАЦИСТИЧКО-ФАШИСТИЧКИ МАРШ ВО СОФИЈА: “Сите Бугари заедно – Босилеград” барале и македонски територии

Група неонацисти и ултра националисти, во неделата марширале во центарот на Софија во протест по повод годишнината од воспоставување на комунистичката власт во Бугарија. Тие минале низ центарот на градот, се до споменикот на жртвите на комунизмот.

Обраќајки се до јавноста, лидерот на “Националниот отпор”, Благовест Асенов, рекол дека Бугарија мора да се врати во бугарски раце и во рацете на бугарските националисти.

На собирот се носеле маици со ликот на Адолф Хитлер како и голем транспарент со фотографија од Бенито Мусолини, како и и познати бугарски лидери од периодот на сојузништвото со нацистичка Германија. На маршот имало и бугарско знаме од почетокот на колоната на кое пишувало: “Сите Бугари заедно – Босилеград”. Со ова насобраните директно повикале на распарчување на Србија, бидејќи Босилеград е општина во Србија.

Бугарските ултранационалисти бараат ревизија на границите и воспоставување на Голема Бугарија во која би влегле големи делови од Грција, Србија, Турција, Романија и цела Македонија.