дома Актуелно НАЧАЛНИКОТ НА СВР КУМАНОВО ВМЕШАН ВО ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ: Јавното обвинителство издаде наредба...

НАЧАЛНИКОТ НА СВР КУМАНОВО ВМЕШАН ВО ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ: Јавното обвинителство издаде наредба за претрес и обезбедување на началникот од СДСМ!

Припадници на ЕБР вечерва влегоа во домот на началникот на СВР Куманово, назначен од страна на Оливер Спасовски во краткиот технички мандат поради сомнение за направени кривични дела поврзани со изборниот процес


Веднаш по пристигнувањето на полицијата, која по добиена наредба Јавното Обвинителство требала да изврши претрес на домот на Стојанче Величковиќ од партиската централа на Бихаќка биле повикани голем број на поддржувачи на СДСМ кои сакале да предизвикаат инцидент со полицијата.

Меѓу насобраните имало и голем број на лица од Диво Насеље кои се фотографираа со Зоран Заев и Оливер Спасовски ден по терористичките напади.

Полицијата пристигнала како асистенција за спроведување на наредбата на Јавното обвинителство за претрес на неговиот дом и негово обезбедување.