дома Балкан НАЈАВЕНИ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ: Народот ќе го раскине договорот од Преспа, ако Грчкиот...

НАЈАВЕНИ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ: Народот ќе го раскине договорот од Преспа, ако Грчкиот парламент го ратификува!

Централниот комитет на „Еноси Кентрон“ ги повика пратениците во грчкиот парламент да го отрфлат Преспанскиот договор, повикувајќи ги да излезат помеѓу народот кој утре ќе протестира во Атина


„Времето за историска одговорност ги стигна и 300-те членови на парламентот. Грчкиот парламент е пред ратификација на репресивниот договор од Преспа. Централниот комитет бара за последен пат Грчкиот парламент да го отфрли договорт. Ние сме подготвени да му помогнеме на Скопје ако го промени името во ‘Скопје’ за да ги докаже добрите намери кон Грција. Што се однесува на утрешниот протест, сите пријатели и членови на ‘Еноси Кентрон’ се повикуваат на што помасовно присуство за одбрана на земјата од Преспанскиот договор. Дури и ако се ратификува, Преспанскиот договор ќе биде раскинат од страна на народот!“ – велат од „Еноси Кентрон“.