Најголемиот розeв дијамант од Русија ќе се продава за рекордни 38 милиони долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемиот розeв дијамант на светот, направен во Русија, ќе се продава за 38 милиони долари, пишува „Комерсант“.

Преработениот розов дијамант, тежок 14,83 карати, што го ископа компанијата „Алроса“ во јули 2017 година, ќе биде ставен на продажба во домот на Сотби во Женева. Аукцијата ќе се одржи на 11 ноември. Според проценките на експертите, скапоцениот камен се очекува да биде продаден за 23-38 милиони долари.

Како што се наведува, кога бил откриен, дијамантот го добил името „Ниџински“ по рускиот играч Вацлав Ниџински, а по обработката, го добил името на славниот балет на светски познатиот балетски кореограф Михаил Фокин „Визија на розата“.

Според директорот на одделот за накит на „Сотби“, Гери Шулер, само еден процент од вкупниот број миниpaни розeви дијаманти во светот тежат над 10 карати. Експертот потенцираше дека ретко се среќаваат во природата и додаде дека во последно време има голема побарувачка за нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This