дома Хроника Најголем гpeв да не носиш маска, казнети 890 граѓани

Најголем гpeв да не носиш маска, казнети 890 граѓани

„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 890 прекршоци, соопшти МВР.

И завчера беше висок бројот на санкционирани граѓани во споредба со изминатиов период – 870.

„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19“, се вели во соопштението од МВР.