дома Актуелно Најголем пaд во истopијата: Извозот нaмaлен за 32 %

Најголем пaд во истopијата: Извозот нaмaлен за 32 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2020 година е -12.7 %.

Во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 4.5 %; Љ, М и Н – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита од 2.2 % и Ѕ – Информации и комуникации од 0.9 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 9.9 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 70.6 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 32.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30.2 %.