Природен лек за холестерол и триглицериди им се препорачува на сите кои веќе долго имаат проблем со вишокот маснотии во крв, но и на лица кои се целосно здрави – како превенција.
Премногу седење пред монитор, непрекинато гледање телевизија, недостиг на спортски активности и рекреација, помалку движење во текот на денот, лош избор и комбинација на намирници, исхрана богата со штетни трансмасни киселини, се само некои од причините за појава на зголемени масти во крвта.
Тие се многу опасни по нашето здравје бидејќи предизвикуваат проблеми со циркулацијата на крвта, кога поради бројни компликации може да дојде до затнување на вените, па и до срцев или мозочен удар, а последично дури и смрт.
Во продолжение можете да прочитате еден исклучително природен лек за холестерол кој секако ќе ви помогне, но само доколку цврсто сте одлучиле да ги смените вашите животни навики во исхраната.
Дознајте како се прави овој лек од лимон и магдонос, кој се покажал како многу ефикасен за чистење на крвните садови од штетните наслаги. Овој природен лек за холестерол им се препорачува и на сите кои имаат проблем со циркулација на крвта во нозете.
Уште еднаш исплакнете, па исечкајте го колку можете поситно заедно со кората, или сомелете го во блендер.