Тетово ова утро во 10 часот беше убедливо најзагадениот град во Европа.
Загаденоста со канцерогени честички ПМ10 беше фрапантни 1.000 mg / m3, а максималната дозволена граница е 50 mg / m3.
Оваа силна загаденост во лето доаѓа од нерешениот проблем со депонијата во Тетово, проблем кој градоначалничката Теута Арифи со години не го решава. Исто така, секојдневно се докажува дека затворањето на Југохром нема никакво влијание во намалувањето на загаденоста во Тетово.