дома Актуелно НАЈМАЛКУ 1.000 ИЗБИРАЧКИ МЕСТА БИЛЕ ФАЛСИФИКУВАНИ: ОБСЕ утврди дека за 922 ливчиња...

НАЈМАЛКУ 1.000 ИЗБИРАЧКИ МЕСТА БИЛЕ ФАЛСИФИКУВАНИ: ОБСЕ утврди дека за 922 ливчиња има несовпаѓање со бројот на гласачи што гласале!

Низа нерегуларности и прекршувања го одбележаа целиот изборен процес, а констатирани се и огромен број на неправилности во првиот и вториот круг од локалните избори.

Неправилности се констатирани и во Извештајот на ОБСЕ.

Меѓу другото, во Извештајот се наведува: „Резултатите на националното ниво во првиот круг покажаа несовпаѓање од 922 меѓу предадените гласачки ливчиња и гласачи што гласале на изборите за градоначалник како и разлика од 310 во изборите за општинските совети.“

Ова е сигурна потврда за она што и досега се обвинуваше- присуство на појавата Бугарски воз.

Недостаток на едно ливче на повеќе избирачки места или едно ливче повеќе потврдува дека се случувал ваков вид на прекршување и нерегуларност. Според ОБСЕ во Македонија има несовпаѓање на 922 ливчиња што е алармантна бројка кога е во прашање релевантноста на изборните резултати.