дома Свет Најмалку 11 Тaлибанци загинaa во заседа на границата со Паншир

Најмалку 11 Тaлибанци загинaa во заседа на границата со Паншир

Smoke rises after fighting between the Taliban and Afghan security personnel in the city of Kandahar, southwest of Kabul, Afghanistan, Thursday, Aug. 12, 2021. (AP Photo/Sidiqullah Khan)

Талибанците се судрија со авганистанските национални сили за отпор во областа Андараб во провинцијата Баглан на границата со Паншир, изјави за Спутник локален жител Муџахид Андараби.
„Единаесет талибанци беа убиени, додека неколкумина беа ранети“, додаде соговорникот на агенцијата.
Според него, Талибанците паднале во заседа на Движењето на отпорот. Степенот на силите на отпорот останува непознат.
Сепак, извор во комисијата за култура во новата влада на Авганистан, за Спутник изјави дека нема борби во Пaнер и Баглан.

Да потсетиме, во почетокот на август, кога американските сили почнаа да се повлекуваат од Авганистан, Талибанците ја засилија офанзивата против владините сили.

На 15 август милитантите влегоа во главниот град и ја презедоа контролата врз претседателската палата, а на 16 август објавија дека војната во Авганистан е завршена и дека државниот систем ќе биде утврден во блиска иднина. Ноќта на 31 август, американската армија го напушти аеродромот во Кабул, што го прекина речиси 20-годишното американско воено присуство во Авганистан.
На 6 септември Талибанците објавија дека Паншир, последната од 34 авганистански провинции, исто така, е под нивна контрола. Следниот ден, беше објавен составот на привремената влада на Авганистан : ќе биде предводен од Мухамед Хасан Ахунд, кој беше министер за надворешни работи за време на првото владеење на Талибанците и е под санкции на ОН.