Најмалку 200 австриски лекари за вакцинацијата: „Тоа е најголемиот скандал на сите времиња“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред 20 дена, Томас Секерес, претседател на Австриското лекарско здружение , испрати кратко писмо до своите колеги. Во него, меѓу другото, се наведува дека „врз основа на достапните податоци, од научна гледна точка, всушност нема основа да се советуваат пациентите да не се вакцинираат со вакцината Ковид-19“.

Медицинските работници скептични за вакцината, предводени од Андреас Сонихсен, брзо реагираа критички на писмото и одговорија со отворено писмо, потпишано од 199 лекари. Во него тие повикаа на оставка на Секерес, повикувајќи се на „медицина заснована на докази“ и различни студии кои укажуваат на проблематичните аспекти на програмата за вакцинација.

Сонихсен одржа прес-конференција во средата, велејќи дека вакцинацијата е „најголемиот медицински скандал на сите времиња“.

„Тоа е најголемиот медицински скандал на сите времиња. Програмата за вакцинација, која сите ја пофалија, пропадна. Велика Британија веќе отворено зборува за она што овде се прикрива: „Четвртиот бран е бранот вакцини. Има болници и интензивни одделенија за нега претежно со вакцинирани пациенти“, рече Сонихсен.

„Откако се покажа дека двете дози не се ефективни, тие сега не убедуваат дека ни треба засилена доза“, додаде тој.

Судскиот експерт, д-р Јохан Мисливец, се согласува со Сонихсен, кој наведува дека лекарите кои не се согласуваат со писмото се соочуваат со казни до 36.340 евра, како и отказ или, во најлош случај, бришење од лекарскиот регистар.

„Секерес станува се порадикален. Тој ги негира штетните нуспојави од вакцинацијата и се впушти во политичка хајка“, рече д-р Кристијан Фиала, цитиран од АПА.

Педијатарот Габриела Талхамер истакнува дека е особено загрижена за вакцинацијата на децата и адолесцентите.

„Оваа година, многу деца, добија ковид. Но, тие имаа благи симптоми и обично закрепнуваа по еден до три дена. Значи, нема смисла да се вакцинираат децата“, рече Талхамер.

Медицинскиот техничар Вернер Молер, кој работи во Германија 30 години, рече дека е во контакт со многу болници и дека сега се случува „пандемија на вакцина“.

„Јас сум во контакт со многу клиники. Во Германија имаме значителен пораст на вакцинирани лица со тешки симптоми на Ковид. Значи, имаме пандемија на вакцинирани, едноставно затоа што се убедени дека се безбедни, не можат да добијат тешки форми на болеста и не се тестираат, невакцинираните обично се многу повнимателни, се грижат за хигиената и треба почесто да се тестираат“, рече Молер.

Спасени 500.000 животи во Европа

Навистина, вакцината можеби не беше толку ефикасна против мутираните видови на ковид-19, но треба да се има на ум дека „најголемиот медицински скандал на сите времиња“ веќе спаси околу 500.000 животи само во Европа, пишува Der Standard во текст во кој се анализираат наводите, а тие го потпишале писмото.

Вистина е дека расте бројот на хоспитализирани лица кои примиле единечна доза или биле целосно вакцинирани против Ковид, но причината за тоа е што уделот на вакцинирани во ризичните групи понекогаш надминува 90 проценти. Односно, кај оние со хронични заболувања и кај оние над 65 години, исклучително висок процент се вакцинирани, а поголема е веројатноста да имаат компликации по инфекцијата со Ковид.

На прв поглед, бројот на лекари кои се скептични за вакцината може да изгледа импресивен. 199 лекари звучи како многу.

Меѓутоа, споредено со околу 47.600 медицински професионалци во Австрија (околу 26.400 специјалисти, 13.000 општи лекари и околу 8.000 лекари), ова е нешто повеќе од 0,4 проценти.

Извор: slobodenpecat.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This