дома Свет НАЈМАЛКУ 80 ЖРТВИ И НАД 2.700 ЗАБОЛЕНИ: Коронавирусот рапидно се шири низ...

НАЈМАЛКУ 80 ЖРТВИ И НАД 2.700 ЗАБОЛЕНИ: Коронавирусот рапидно се шири низ светот

Коронавирусот според најновите податоци, досега однесе 80 животи, а само во Кина заразени се најмалку 2.744 лица.

Вирусот се шири по светот, надвор од Кина регистрирани се 50 случаи од кои пет во САД.

Околу 60 милиони лица се погодени од делумен или целосен карантин, со оглед дека кинеските власти во некои градови забранија влез и излез.

Меѓу заболените има и медицински персонал од Вухан каде првично се појави коронавирусот.