Најмладиот милионер во Македонија има само седум, а највозрасниот, 96 години, најмногу заработила Скопјанка, 7,5 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопјанка остварила највисок годишен приход по сите односи од Годишната даночна пријава во текот на 2020 година. Стружанец земал највисока плата, а тетовец бил најсреќен на игрите на среќа. Најмладиот милионер има само седум години, додека највозрасниот има 96 години. Ова го покажуваат најновите анализи на Управата за јавни приходи, врз основа на годишните даночни пријави на граѓаните.

Како што информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција, во 2020 година најголем број даночни пријави биле автоматски потврдени – 593.375, граѓаните потврдиле 37.294 пријави, додека 1.832 пријавиле биле корегирани.

Скопјани се убедливо на врвот на листата по остварениот доход минатата година по различни основи – од дивиденди и друг доход од учество во добивка, од капитална добивка, како и од остварен доход од самостојно вршење на дејност. Десетте топ рангирани професии на листата се адвокати, нотари, извршители, угостители и прозводители.

Тетовец остварил највисок доход од осигурување, додека на листата се најде и еден ресенчанец, којшто има најголем доход од продажба на сопствени земјоделски производи.

Според Лукаревска, 11 граѓани оствариле приход над 100 милиони денари, а 557 даночни обврзници од 10 до 100 милиони денари. Скопјанка е на врвот на листата со највисок годишен бруто доход од 453,1 милион денари, или околу 7,5 милиони евра. Тој е двојно поголем од највисокот бруто доход за 2019 година.

Највисоката годишна бруто плата му е исплатена на граѓанин во Струга – 105,2 милиони денари, во индустријата со метали. Највисоки плати минатата година се исплатени во здравството, аптеки, одгледување добиток и игри на среќа.

Лани највисока дивиденда од 306 милиони денари е исплатена на скопјанец, сопственик на фирма која се занимава со продажба на автомобили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This