дома Социјални Мрежи НАЈМЛАДИТЕ ЖРТВИ НА БРУТАЛНАТА ПАРТИЗАЦИЈА: Златко Марин вработил воспитувачка без соодветно искуство...

НАЈМЛАДИТЕ ЖРТВИ НА БРУТАЛНАТА ПАРТИЗАЦИЈА: Златко Марин вработил воспитувачка без соодветно искуство и покрај петицијата на родителите

И покрај повиците и петицијата на родителите на дечињата кои ја посетуваат градинката „Пчелка“ во општина Аеродром, градоначалникот реши на инает да си постави сопартијка на работното место воспитувачка без работно искуство, реагираат на социјалните мрежи жителите на општината

 

„ Партизацијата на персоналот во училиштата и градинките продолжува во општина Аеродром. И покрај петицијата на 100-тина родители за да не се менува воспитувачка од клонот Пчелка 2 која која повеќе од 5 години одговорно се грижи за нивните деца. Градоначалникот Златко #Марин на нејзиното место си донесе сопартијка која воопшто претходно не работела со дечиња. Срамно е за еден градоначалник да нема слух за потребите на децата и родителите од нашата општина. #ДојдеЖивот и во градинките во #Аеродром!“  – пишуваат жителите на општината на социјалните мрежи.