дома Македонија НАЈМЛАДИТЕ ПРЕКУ ЦРТЕЖ ЈА ИСКАЖАА ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНИЈА:Поддршка ,,За заедничка Македонија“, со...

НАЈМЛАДИТЕ ПРЕКУ ЦРТЕЖ ЈА ИСКАЖАА ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНИЈА:Поддршка ,,За заедничка Македонија“, со позитивна енергија и пораки за унитарна Македонија,

На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, организиран од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, освен позитивна енергија и пораки за унитарна Македонија, ликовни уметници и најмладите преку цртежи ја искажаа љубовта кон Македонија.

Овој начин на искажување на креативноста на дечињата беше многу забавен за нив и им донесе насмевка на лицата.

Музичкиот хепенинг на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ повторно беше масовно посетен, а можеа да се забележат луѓе на сите возрасти, од најмладо до најстаро. На најмладите им беа поделени чоколатца со порака„За заедничка Македонија“.

Граѓаните овој пат, наместо со транспаренти, преку музика и забава испратија порака дека нема да дозволат да се наметне Тиранската платформа и точките во неа.