дома Македонија Најмногу пријави за гласање на референдум во Берн, најмалку во Приштина и...

Најмногу пријави за гласање на референдум во Берн, најмалку во Приштина и Тирана

Заклучно со денеска до 12 часот, преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија доставени се вкупно 1459 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 1431 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а една пријава е во обработка.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 160, во Љубљана – 105, во Лондон – 93, и во Торонто – 88.​

Најмал број пријави поднесени се за гласање во Атина, Киев, Њу Делхи, Подгорица, Приштина и Тирана – по една пријава.