дома Балкан Најнова анкета во Бугарија: Седумдесет отсто oд Бугарите се против укинување на...

Најнова анкета во Бугарија: Седумдесет отсто oд Бугарите се против укинување на ветото за пристапување на Македонија во ЕУ

Значителен процент Бугари не се согласуваат Софија да прави отстапки во спорот со Македонија. Тоа се резултати од телефонска анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење Галуп.

Според Галуп, 70 отсто од испитаниците се против тоа Бугарија да го укине ветото за пристапување на Македонија во Европската унија.

Речиси 20 проценти се со спротивно мислење. Останатите се уште се двоумат, јавија бугарските медиуми. Анкетата е спроведена помеѓу 14 и 16 јуни меѓу 890 полнолетни Бугари.