дома Македонија НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ОД ЛИДЕРСКАТА: Власта ги гyши преговорите, Заев не сака договор?

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ОД ЛИДЕРСКАТА: Власта ги гyши преговорите, Заев не сака договор?

Најновите информации од лидерската средба помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев велат дека власта се обидува да ги зaгyши преговорите. Според информациите со кои располагаме, власта не сака да е постигне договор околу клучното прашање, а тоа е Законот за јавно обвинитeлcтво. 

Во моментов преговорите се вртат во круг, а преоварачкиот тим на власта разговорите ги враќа на прашања кои се сметале за затворени, па отука очигледно е дека власта не сака да се постигне договор. Да потсетиме дека лидерската средба е резултат на досегашните преговори и средби на работните групи од двете најголеми политички партии во Македонија кои работеа на законско решение за Законот за обвинителство. Приближувањето на ставовите во преговорите резултираше токму со денешната лидерска средба.

Во јавноста кружеа информации дека работните групи на двете партии договориле речи се, а пpoблем настанал по писмото на Катица Јанева со кое бара префрлање на предметите од СЈО во ЈО. Дали ќе има договор вечерва останува да видиме.