дома Здравје НАЈНОВ ХИТ ЗА ДИЕТА: Супа за слабеење

НАЈНОВ ХИТ ЗА ДИЕТА: Супа за слабеење

За разлика од минатата година, кога зелениот сок им беше фаворит на славните, сега се повеќе убавици се насочуваат кон супите кои лесно се подготвуваат и се преполни со антиоксиданси.

 

Еве неколку рецепти за супи за слабеење:

Супа од тиква

Состојки:

  • 1 средна тиква
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 поголем исецкан кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици исецкан ѓумбир
  • 1лажичка ким
  • 1/2 лажичка коријандер
  • 3 шолји обична пилешка супа

Начин на подготовка:

Исчистете ја тиквата и зачинете ја со сол и бибер, на секој половина ставете по една лажица маслиново масло па печете во рерна на 200 степени оолу 35 минути – треба да стане потполно мека.

Во меѓувреме, на кокосовото масло добро продинстајте ги кромидот и лукот, а потоа додадете ги ѓумбирот и сите преостанати зачини.

Издинстајте ги неколку минути, за да се измешаат вкусовите, па потоа сипете ја супата и посолете по вкус.

Оставете смесата да се вари додека тиквата не се испече, а потоа додадете ја во тенџерето со супа и варете уште десетина минути.

На крајот смесата ставе ја во блендер и ќе добиете прекрасна портокалова супа, која можете да ја служите прелиена со маслиново масло или со малку павлака.

Зелена супа од праз и целер

Состојки:

  • 2 средни парчиња праз
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица мајчина душичка
  • 1 среден корен целер (исчистен и исечкан)
  • 2 ½ шолјои класична супа
  • 2 лажици сок од лимон