НАЈПОПУЛАРНИОТ И НАЈПРОДАВАН ТЕЛЕФОН ВО СВЕТОТ: iPhone XR според аналитичките компании е најпродаваниот смартфон во светот во 2019 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога минатата година Apple ги претстави iPhone XS, XS Max и XR, повеќето аналитичари сметаа дека токму најслабиот од телефоните, XR, ќе привлече најмногу корисници поради ниската цена. Иако не е евтин телефон, XR е ценовно најприфатливиот смартфон на Apple, па милиони дотогашни корисници на iPhone се одлучија токму за тој уред.

iPhone XR се најде во продажба во октомври минатата година, а иако од Apple повеќе не објавуваат резултати за продажбата на телефоните, според аналитичките компании, тоа е најпродаваниот смартфон во светот во 2019 година.

iPhone XR зазема 3% од пазарот, додека после него следуваат два телефони на Samsung – A10 i A50. На четврто место се најде Oppo A9, а на петто iPhone 11. Останатите пет места од листата со топ 10 најпродавани телефони за 2019 година им припаднаа на: Oppo A5s, Samsungo Galaxy A20, Oppo A5, Xiaomi Redmi A7 и Huawei P30.

За идната година се претпоставува дека еден од фаворитите за титулата најпродаван смартфон во светот е iPhone 11. Наследникот на XR има уште подобар хардвер и подобри камери, а колкава е неговата популарност уште сега говори фактор дека иако почна да се продава пред крајот на третиот квартал, телефонот се најде на петто место на годинашната листа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This