НАЈСОВРЕМЕНИТЕ ОРУЖЈА ВО СВЕТОТ: Германски „Билд“ ги прогласи руската термобаричка бомба и тенкот „Армата“ за „современо супероружје“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот тенк Т-14 „Армата” и супермоќната вакуумска т.е. термобаричка бомба се наоѓаат на списокот на „современо супероружје“ што ја состави германскиот весник Bild.

Списокот ги опфаќа речиси сите видови вооружување – од авијација до оклопна техника – и затоа системите за вооружување кои се наоѓаат во него можат да се сметаат за победници во своите категории. Руската авионска вакуумска бомба со зголемена моќност е „Таткото на сите бомби” (нејзиниот официјален назив досега не е објавен) е прогласена за најмоќната ненуклеарна бомба на светот. Ова е многу важна напомена, бидејќи примената на ова оружје не е ограничена со никакви конвенции.

Војската засега во јавност зборуваше само за едно тестирање на оваа бомба, одржано уште 2007 година. Тоа е рускиот „одговор на Чемберлен“, затоа што Американците претходно зборуваа дека ја создале „мајката на сите бомби“. Руските конструктори во многу нешта успеаја да го надминат западниот пандан. И покрај помалата маса на експлозив (7,1 наспроти 8,2 тони), руското оружје е четири пати помоќно. Силата на експлозијата на руската бомба е еднаква на 44тони ТНТ, што е споредливо со силата на тактичка нуклеарна боева глава. Според вкупната површина на дејството, руската бомба ја надминува американската 20 пати.

Разорната моќ на оружјето се постигнува по пат на предизвикување суперсоничен експлозивен ударен бран, како и високи температури и исклучително висок притисок. При детонацијата се распрскува специјална смеса која формира запалив облак од честици. Така епицентарот на експлозијата се претвора во изгорена пустина.

За еден од најефикасните тенкови на денешницата германскиот весник го прогласи рускиот Т-14 „Армата”, чие сериско производство почнува во 2020 година. На војската во моментов ѝ се испорачуа пробната серија. Тенкот има купола без екипаж, специјална капсула за војниците, што ја зголемува безбедноста на тенкистите, топ калибар 120 мм итн. Bild исто така укажува на тоа дека Т-14 е побрз од американскиот тенк „Абрамс“: 80 км/ч наспроти 64 км/ч.

На листата на најдоброто современо оружје се наоѓаат и кинеската ракета DF-21D, израелскиот тактички систем за противракетна одбрана „Железна купола”, американскиот бомбардер B-2 Spirit и ловецот F-22 Raptor.

 

RussiaBeyond

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This