дома Здравје НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ЈА ОТКРИВА ТАЈНАТА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА: Има 146 години...

НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ЈА ОТКРИВА ТАЈНАТА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА: Има 146 години и е најстариот човек на планетата!

Мбах Готхо од Индонезија во чија лична карта пишува дека е роден во 1870 година, го прослави својот 146 роденден во малото село во покраината Јава. Тој својата долговечност ја препишува на трпението.

Готхо за кого и официјалните институции потврдуваат дека има 146 години, ги има надживеано сите десет браќа и сестри, четирите претходни сопруги и децата.

Скромната прослава со семејството и соседите се одржа во неговиот дом во местото Страген. Тој се смееше кога му ја пееја роденденската песна, а како што пренесуваат медиумите успеал сам да ги угаси сите три свеќи со броевите 1, 4 и 6.

Кога порано го прашувале која е неговата тајна за долговечност, Готхо одговарал: “Единствен рецепт е трпението“.
За регионалната ТВ мрежа во 2016 кажа: “ Всушност не сакам повеќе да живеам“. Од неодамна тој не може сам да одржува хигиена, а членовите на семејството му помагаат при конзумирањето храна.

Неговите внуци велат дека најмногу време поминува слушајќи радио, зашто неговиот вид е многу ослабен и не може да гледа ТВ програми.

https://www.youtube.com/watch?v=wBm95XG170w