дома Временска Прогноза НАЈТОПЛО ВО ПЕТОК: Високи температури за време на продолжениот викенд

НАЈТОПЛО ВО ПЕТОК: Високи температури за време на продолжениот викенд

Времето за претстојниот продолжен викенд, ќе биде сончево и топло со темепратури до 30 степени.

Најтопло се очекува да биде во петок, кога максималната температура ќе достигне 30, а минималната 17 степени.

Во сабота се можни краткотрајни грмотевици и врнежи од дожд, а во недела ќе биде стабилно. Максималната температура за време на викендот ќе биде од 26 до 28 степени, а минималната 14 степени.