дома Македонија НАЈЧЕВСКА ГО ИЗРЕЗИЛИ ВЛАДО ПОПОВСКИ: Тоа е оној човекот со сите бои...

НАЈЧЕВСКА ГО ИЗРЕЗИЛИ ВЛАДО ПОПОВСКИ: Тоа е оној човекот со сите бои и за сите влади.. Човекот кој нанесе голема штета во развојот на Македонија како правна и демокатска држава

За денешната расправа за уставните амандмани што тѕреба да се одржи во просториите на Владата, била поканета и професорката Мирјана Најчевска но таа, како што вели, ја одбила поканата бидејќи еден од говорниците е и професорот Владо Поповски.
„Добив покана да учествувам на оваа расправа.

Многу ме заинтересира и да бидам искрена ме израдува, меѓутоа, за многу кратко.
Во поканата како еден од главните говорници е наведен Владо Поповски„ напиша Најчевска на Фејсбук и објаснува:„Тоа е оној човекот со сите бои и за сите влади. Компромисен. Неконфликтен. Човек кој ни во сон нема да се спротистави на ниту еден режим.
И јас се заблагодарив и одбив:благодарам многу за поканата, меѓутоа јас одбивам да присуствувам на средби на кои главен говорник е Владо Поповски.
Сметам дека Владо Поповски е дискредитиран како стручњак во повеќе наврати и дека има нанесено неверојатно голема штета во развојот на Македонија како правна и демокатска држава.
Од тие причини, да одам на јавна расправа на која тој се појавува како посебен говорник за мене е не само понижувачко туку и невкусно“ пишува професорката Најчевска на ФБ.