дома Социјални Мрежи НАЈЧЕВСКА: Директорт на затвopoт Шутка треба веднаш да си поднесе оставка

НАЈЧЕВСКА: Директорт на затвopoт Шутка треба веднаш да си поднесе оставка

Мирјана Најчевска побара одговорност и итна оставка од директорот на затвopoт Шутка.

За вакво нешто се прави сериозна истрага. И директорот на затвopoт поднесува веднаш оставка, како и директорот на Управата за извршување на санкции. После ова се размислува и за оставка на министерот за правда. Тоа се вика одговорност, се друго е поддршка на неправото. Срамно и жално и недозволиво. Како и за Мијалков и во овој случај велам дека мора да се издвојат овие луѓе и да се преземат посебни заштитни мерки – напиша на својот фејсбук профил Мирјана Најчевска, поранешен претседател на Хелсиншки комитет.

Нејзината реакција доаѓа откако денеска во исртажното одделение на затвopoт Скопје беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски од страна на лица кои се теретат за случајот Диво Насеље.