дома Македонија НАЈЧЕВСКА ДО СУГАРЕВСКИ: Не треба да се сменат законите, треба да се...

НАЈЧЕВСКА ДО СУГАРЕВСКИ: Не треба да се сменат законите, треба да се сменат луѓето

По кој член од законот се обврзани? Во членот 15 од Законот за градежно земјиште се вели дека државата може, а не дека мора да го отуѓи земјиштето кое е во нејзина сопственост. А да го прочиташе и членот 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање пред да го продаваат она што ни припаѓа на сите нас?


Не треба да се менуваат законите. Треба да се сменат луѓето.“ – ова е коментарот на професоката Мирјана Најчевска напишан на социјалната мрежа Фејсбук откако министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски рече дека се е во согласност со Законот за градежно земјиште.

Tој додава дека законски се обврзани да овозможат откуп на парцелата на барателите кои ќе го исполнат законскиот основ освен во случај ако градежното земјиште во сопственост на РМ согласно важечкиот урбанистички план е предвидено за објект од јавен интерес.

Јавноста реагира за продажбата а на парцелата со намена „колективно домување со деловни објекти“ согласно Деталниот урбанистички план на општина Центар и планираните висококатници.