Дали Лазе Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), ќе биде разрешен ќе биде познато денеска, бидејќи на владина седница ќе се разгледа предлогот за разрешување кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако се утврди дека со службеното полициско возило била превезувана неговата ќерка и тоа во Грција.
Како што вчера истакна Зоран Заев, Велковски и да биде разрешен ќе остане да работи во МВР.