Светиот архиерејски собор на Српската Православна Црква да го одложи донесувањето на измените на Уставот на Српската Православна Црква поради мешање во јурисдикцијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.
СМК отфрла регистрација на српска епархија во Македонија под името “Грко-Православна Охридска Архиепископија на Печката Патријаршија во Македонија“, и покрај одлуката на Европскиот Суд за човекови права во Стразбур.
СМК смета дека односите меѓу Српската Православна Црква како канонска наследничка на Печката Патријаршија и Македонската Православна Црква како канонска наследничка на Охридската Архиепископија треба да се решаваат на реципроцитетна основа и со почитување на еднаквата сувереност меѓу Република Македонија и Република Србија.
Македонците во татковината и во светот посакуваат трајно решение на односите меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква, како единствено отворено прашање меѓу двете држави – Македонија и Србија и двата братски народа – Македонскиот и Српскиот, со Договор за евхаристиска заедница и канонско единство меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква.
СМК предлага наместо формирање на српски епархии во Македонија и македонски епархии во Србија, во Охрид да се изгради Српски православен манастир, а во Белград да се изгради Македонски православен манастир, под најповолни услови во соработка со надлежните органи на власта!