дома Македонија На Инфekтивната клиниka 90 кревети се полни, има уште десет места празни

На Инфekтивната клиниka 90 кревети се полни, има уште десет места празни

ГОБ „ 8 Септември’ е една од најоптеретените болници во земјава. Апелирам до семејствата да имаат разбирање дека треба да се почека до некоја информација.

Анализите покажуваат дека смртноста е прилично висока, а околу 30 случаи се регистрирани како позитивни на ковид-19 после смртта“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Деновиве се намалува бројката на прием на пациенти заболени од ковид-19 во болниците, во споредба до пред 10 дена. Според вчерашната статистика, вкупно ковид дијагностицирани во нашата има 6.334, оздравени се 2.475, починати се 302, а има 3.557 активни случаи.

Филипче вели дека болниците не се преполни. На Инфективната клиника 90 кревети се полни, има уште десет места празни, 30 отсто е полна Детската болница во Козле каде се лекуваат пациенти со полесна клиничка слика.

Целосно е празна монтажната болница, каде се поставува систем за централен довод на кислород, а таму ќе работи тим од Институтот за туберкулоза.

Има места и во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, но таму разговараме за ротација на кадарот. Таму се префрлија тројца анестезиолози од приватното здравство кои се од огромна помош на 8-те анестезиолози во болницата. Денеска ќе имаме состанок со анестезиолози од КАРИЛ за да се направи ротација“, кажа министерот во Градскиот парк, по средба со Здружението за ретки болести.