дома Македонија На Муцунски не му дозволиле да го внесе тротинетот во Собранието

На Муцунски не му дозволиле да го внесе тротинетот во Собранието

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, пред почетокот на седницата се пожали дека имал непријатно искуство со собраниските служби. Како што истакна тој, тие не му дозволиле да го внесе тротинетот во собраниската зграда.

„Сакав да дојдам со мојот електричен тротинет, но службите ме информираа дека не може да се внесе во салата. Ние треба да поставуваме пример и наместо собранието да исплаќа илјадници евра за патни трошоци, ајде да видиме и да разговараме како да ја заштитиме животна средина и собранието да се отвори кон тие алтернативни модели на превоз“, рече Муцунски во изјава за ТВ 24.