дома Спорт На осумина членови на „Вардар“не им дозволиле да се качат во авион...

На осумина членови на „Вардар“не им дозволиле да се качат во авион за Турција

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар се соочи со проблеми при заминувањето на Супер Глоуб во Саудиска Арабија, затоа што авиопревозникот кој требаше да ги транспортира вардарци до Истанбул, остави осум лица во Скопје.

Во авионот од „Туркиш Ерлајнс“ не пуштиле дел од експедицијата, со образложение дека летот е пребукиран и немало место. Сега осуммината во последен момент ќе мора на алтернативен начин да стигнат до Саудиска Арабија.

Дел од членовите кои останаа во Скопје се од стручниот штаб и управата, а дел се и ракометари – помладите Димитар Димитриоски, Марко Кизиќ и Дејан Кукуловски. Најавено е дека ќе се чека на наредниот лет за Истанбул, за осуммината вардарци да заминат на првата станица, од каде потоа ќе се лета за Дамам.

Првобитно меѓу лицата кои останале без место бил дури и тренерот Давид Писонеро, но членови на тимот кои веќе биле во авионот извршиле замена на местата за барем тренерот да отпатува навремено со екипата. Така, меѓу оние кои не отпатуваа се и извршниот директор Давор Стојановски и спортскиот директор Едуард Кокшаров, како и физиотерапевтот и економот на клубот.

Целата сторија проследете ја на Гол.мк