дома Uncategorized На првиот ден во Новата година температури до 14 степени

На првиот ден во Новата година температури до 14 степени

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, особено во западните делови. 

Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Во недела, понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.