дома Македонија НА РЕИСОТ НА ИВЗ СУЛЕЈМАН РЕЏЕПИ МУ СЕ ОСТВАРИ ДОЛГОГОДИШНИОТ СОН: Албанија...

НА РЕИСОТ НА ИВЗ СУЛЕЈМАН РЕЏЕПИ МУ СЕ ОСТВАРИ ДОЛГОГОДИШНИОТ СОН: Албанија конечно му издала албанскиот пасош!

Првиот човек на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи ѝ се заблагодари на Албанија што му го остварила долгогодишниот сон и му издала албански пасош.

Албанските власти, со посветеност и потпишување од претседателот на Република Албанија Илир Мета, денеска официјално го издадоа мојот албански пасош.

Особено ми е чест и сум задоволен што тоа се случи со поддршка на претседателот Илир Мета, човекот кој се грижи за Албанците каде и да се. Одговорните власти на албанската држава ми дадоа албански пасош за кој мислам дека е од голема вредност, без разлика дали е симболична или практична. Овој пасош е моја радост и остварување на долгогодишна желба, бидејќи со тоа се чувствувам поконкретно дел од мојата мајка-држава. Бог да го благослови претседателот Мета, Бог да ја благослови Албанија, напиша реисот на Фејсбук за новиот пасош и новото државјанатво.

Според албанскиот закон за државјанство пасош најчесто може да се издаде на луѓе кои водат потекло од Албанија или се потомци на албански државјани, но Реџепи најверојатно државјанството го стекнал преку правото на претседателот да издаде пасош на луѓе важни за националните интереси на Албанија.