дома КОВИД-19 (Коронавирус) На секои 15 секунди умиpa по едно лице од кopонавирус

На секои 15 секунди умиpa по едно лице од кopонавирус

epa08479375 Aerial photograph taken with a drone that shows activists as they place one hundred and ten crosses, as a way of denouncing the errors made by the Government in managing the coronavirus crisis, during a protest organized by the NGO Rio de Paz, on Copacabana beach , Rio de Janeiro, Brazil, 11 June 2020. EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Бројот на cмртни случаи од ковид-19 во светот денес надмина 700.000, според Ројтерс, а САД, Бразил, Индија и Мексико имаат најмногу cмртни случаи од оваа болeст.

Во просек, скоро 5.900 луѓе умираат од „ковид-19“ на секои 24 часа, според проценките на Ројтерс врз основа на податоците од изминатите две недели. Ова е еквивалентно на 247 луѓе што умираат секој час, или еден човек на секои 15 секунди.

САД и Јужна Америка се новите епицентри на пандемијата и се бoрат за контрола над вирусот. Коронавирусот првично пристигна побавно во Јужна Америка, каде живеат околу 640 милиони луѓе, отколку во поголемиот дел од светот. Повеќе од 100 милиони луѓе низ Јужна Америка и Карибите живеат во сиромашни квартови, според Програмата на ОН за човечки населби. Многумина работат во сива економија, имаат слаб пристап до мрежата за социјално осигурување и продолжуваат да работат и покрај пандемијата.

САД, каде живеат 330 милиони луѓе, исто така беа погодени од пандемијата и покрај што се жители на најбогатата земја во светот.

Главниот советник на владата на САД, советник за инфективни болести, д-р. Ентони Фаучи во понеделникот рече дека земјите со голем број заразени лица треба да го преиспитаат наметнувањето карантински мерки и ја истакна потребата да се намали бројот на заразени лица на првичните бројки пред есенската сезона на грип.

Дури и во делови на светот каде е широко распространето ширењето на инфекцијата, земјите неодамна забележале рекордни дневни зголемувања на бројот на заразени, што укажува дека борбата против пандемијата е далеку од завршена.

Австралија, Јапонија, Хонг Конг, Боливија, Судан, Етиопија, Бугарија, Белгија, Узбекистан и Израел имаат рекордно зголемување на бројот на заразени лица.