НА СРПСКИОТ ЕПИДЕМИОЛОГ КОН, МУ ПУKHA ФИЛМОТ-СЕ ПОВЛЕКУВА: Boјни нема да водам против никого, освен пpотив виpуcот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Војни нема да водам против никого, освен против вирусот“, порача Предраг Кон, водечкиот српски епидемиолог, најавувајќи го своето повлекување затоа што, како што кажа, во епидемијата со коронавирусот има многу критика, дека сите бараат виновници, додека единствениот виновник всушност е вирусот.

-Го губам трпението, рече Кон по повод објавата на Фејсбук во која напиша дека е време да се повлече, пренесоа српските медиуми.

Кон на Фејсбук напиша дека е време да се повлече и на други да им препушти да ја видат борбата со епидемијата, а на тој потег, како што кажа, го навеле нападите врз него и Кризниот штаб, особено по продорот на вирусот во Геронтолошкиот центар во Ниш.

-Војните нема да ги водам против никого, освен против вирусот. Постојано следам се што луѓето мислат и како сиот тој гнев место врз ситуацијата и самиот вирус е свртен кон мене и стручната екипа. Затоа е време да се тргнам, напиша Кон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This