дома Хроника На територијата на Тетово казнети 62 возачи за брзо возење за само...

На територијата на Тетово казнети 62 возачи за брзо возење за само четири часа

Денеска (18 ноември) во периодот од 10 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата, во која вкупно се откриени и санкционирани 62 пречекорувања на максимално дозволената брзина (Те-42 и ГВ-20).

Три од пречекорувањата биле за над 70 километри на час (ТЕ-2 и ГВ-1), а 23 од 50 до 70 километри на час над дозволеното. Покрај ова , санкционирани се и 9 пречекорувања во населено место(ТЕ-6 и ГВ-3), од кои 1 (ТЕ) за 50 километри на час.Санкционирани, исто така, се и 5 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ2 и ГВ-3).